Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ: Посакуваме брзо оздравување на колегата Михајлоски и бараме безбедни услови за работа на новинарите

ZNM
петок 10 април, 2020петок 10 април, 2020/ петок 10 април, 2020

Здружението на новинарите на Македонија со загриженост ја прими информацијата дека уредникот на националната телевизија  „Канал 5“, Гоце Михајлоски, е позитивен на коронавирусот. На колегата Михајлоски му посакуваме брзо закрепнување, да истрае во борбата со болеста и набргу да се врати на своето работно место.

Поттикнати од некои неодговорни објави пред се на социјалните мрежи, ЗНМ апелира да не се стигматизираат новинарите и медиумските работници кое се заразени или за кои постои сомнеж дека се носители на коронавирусот. Потсетуваме дека говорот на омраза и повиците за насилство се казниви дела без разлика дали истите се присутни на традиционалните медиуми или пак на социјалните мрежи.

Освен ова, повторно укажуваме дека голем дел од новинарите и медиумските работници, поради природата на нивната работа се повеќе изложени на контакти со луѓе а тоа ги прави и да бидат повеќе ранливи за зараза со коронавирусот. Затоа од апсолутна важност за нивната лична безбедност, безбедноста на лицата со кои се во контакт новинарите и медиумските работници да имаат обезбедено услови и средства за работа од страна на сопствениците и менаџерите на медиумите преку кои ќе се намали ризикот на зараза.

Во време кога квалитетното новинарство може да спаси животи, од исклучително значење е да имаме точни и навремени информации. За да биде тоа возможно, медиумските работници потребно е да бидат максимално заштитени во своите редакции, но и кога известуваат од терен. Потсетуваме на  „Насоките за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19)“ кои ЗНМ и СЕММ ги објавија неодамна каде се опишани стандардите за безбедно и професионално известување во услови на пандемија.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin