Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка на Општина Битола за информации објавени на ТВ Алфа

ZNM
четврток 28 мај, 2020четврток 28 мај, 2020/ четврток 28 мај, 2020

Советот на честа на ЗНМ ја разгледа пријавата од општина Битола  за објавени информации на ТВ Алфа, односно како што се наведува во дописот, шпекулации и дезинформации околу реновирањето на кугланата во Битола и заклучи:

Советот на честа може да се произнесе за прекршување на Кодексот на новинарите само кога станува збор за конкретен новинар. Доколку Пеце Стефановски не побарал и не објавил второ мислење, односно-Ваше, и доколку не бил објавен демант на истото место во медиумот во кое бил објавен прилогот, тогаш има прекршување на Кодексот на ЗНМ од конкретниот новинар, но и на медиумот, бидејќи уредувачкиот колегиум решава за објавување на информации во вестите.

Со оглед на претходното и на фактот дека не бил објавен демант, иако бил испратен од Советот на Битола, Советот на честа смета дека се прекршени членовите 1,2 и 3 од Кодексот на ЗНМ според кои, меѓу другото, се пропишува:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и  нема да прикрива и фалсификува документи……Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно;

– Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација, има право за тоа да ја информира јавноста;

-Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата. “

Советот на честа ги повикува новинарите да се држат до професионалните стандарди и одредби во Кодексот на ЗНМ, а истовремено му укажува на подносителот на пријавата за наведените факти околу необјавување на демантот од медиумот и немањето импресум на ВЕБ страната, дека може да се обрати до Советот за етика во медиумите и до Агенцијата за аудио и аудиомедиумски услуги.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin