Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка на Сунаи Сабриоски

ZNM
четврток 28 мај, 2020четврток 28 мај, 2020/ четврток 28 мај, 2020
Советот на честа на ЗНМ го разгледа известувањето на колегата Сунаи Сабриоски за поднесената пријава до МВР, а во врска со говорот на омраза, омаловажување и дискредитацијата по неколку основи од порталот Камаи и Фејсбук профилот на Павел Шатев и оцени дека е соодветно постапено.
Советот на честа и во оваа пригода ги повикува сите новинари, но и поединци кои изнесуваат свое мислење на социјалните мрежи да не ја злоупотребуваат актуелната ситуација и да не омаловажуваат и дискредитираат никого и по ниедна основа, зашто не е етички и е казниво дело.
Исто така потсетуваме дека Советот на честа на ЗНМ постапува по пријави за објавени трудови на новинари и нема надлежности за оценка на етичноста на ставови и пишување на социјалните мрежи или за текстови на кои нема авторизиран потпис.
Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin