Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Подобрување на праксата на тема клевета и навреда во Северна Македонија

ZNM
четврток 30 април, 2020четврток 30 април, 2020/ четврток 30 април, 2020

Денес се одржа првиот вебинар за подобрување на праксата на тема клевета и навреда во Северна Македонија на кој се споделија, со учесници/чки и партнери во тоа поле, клучни знаења и информации за имплементација на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда и зајакнување на процесот на заеднички консултации помеѓу релевантната експертска публика.

На вебинарот учествуваа 24 учесници/чки меѓу кои новинар(к)и, суди(јк)и од граѓанските судови во Северна Македонија и адвокат(к)и со искуство во парнични постапки/консултации со новинар(к)ки во доменот на слобода на изразување, со цел да придонесат секој со своите гледишта на дополнителното изменување и дополнување на овој закон. Овој тематски вебинар, организиран од заедничката акција на ЕУ и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“ во соработа со партнерската организација Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ), како дел од агендата имаше воведно излагање и презентирање на обемот и целите на дискусијата, и презентација на наоди и релевантни случаи согласно искуството и согледувањето од страна на претставникот/чката на секоја од групите.

Со оглед на тоа дека оваа акција е надградување на претходна фаза, помеѓу претставниците/чките на адвокат(к)ите и суди(јк)ите имаше сертифицирани ЈУФРЕКС обучувач(к)и, кои се добро запознаени со и се повикуваа на стандардите на Советот на Европа во своите излагања.

Размената на мислења и случаи понатаму ќе бидат искористени во консултативниот процес за измена и дополнување на овој закон, процес кој го води Министерството за правда и се очекува да се имплементира во текот на месеците мај и јуни.

Уште еден вебинар ќе биде организиран во текот на следните месеци, каде заклучоците од овој вебинар ќе бидат разменети и надополнети со меѓународно искуство и дополнителни дискусии во врска со релевантните стандарди на Советот на Европа.

Оваа акција е дел од „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II“, заедничка програма на ЕУ/Советот на Европа, имплементирана од Советот на Европа која има за цел да им асистира на корисниците/чките во регионот на Западен Балкан и Турција во усогласувањето со стандардите на Советот на Европа и acquis на Европската Унија во рамки на процесот на нејзино проширување, онаму каде што тоа е применливо.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin