По кратко боледување, на 80-годишна возраст во Скопје почина познатиот тон снимател и долгогодишен член на Здружението на новинарите на Македонија Варнава Андреески-Бакли. Андреески речиси целиот свој работен век го помина во јавниот сервис МРТВ непосредно до камерите на терен и во телевизиските студија.
Бакли беше дел од техничкиот оддел на МРТ кој ја формираше некогашната ТВ Скопје по земјотресот. Тој работел на преносите на шест Олимписки игри, учествувал во речиси сите музички емисии на МРТ, а работел и на филмската комедија „Мирно Лето“.


