ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ:
ХЕДАЈА
Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Здружението на граѓани за развој на демократија ИЕП и Институтот за мир, безбедност и истражување на политиките КОНИЦА во период од декември 2019 до декември 2020 година ќе го спроведуваат проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати новинари, медиуми и владини претставници“. Главната цел на овој проект е да се зајакне капацитетот на медиумите и државните власти да комуницираат за насилниот екстремизам и тероризам на начин што ќе ја намалува заканата од истиот. Делот од буџетот на ЗНМ за спроведување на овој проект изнесува 34,098 ЕУР.
Приоритети на овој проект се едукација на идните новинари, медиумски работници, професионални новинари, уредници и радиодифузери. Решавање на тековниот предизвик за известување за насилниот екстремизам и тероризам кој во најголем број случаи не успева соодветно да го испита радикалниот наратив, а во најлош случај, помага на нивните цели.
Сигрид Раузинг Траст
На Здружението на новинарите на Македонија му е доделен институционален грант од Сигрид Раузинг Траст (СРТ) во висина од 45.000 фунти и истиот е со време траење од 12 месеци, а започнува со имплементација во јуни 2019 година. Целта на грантот е да се помогне работата на ЗНМ во насока на исполнување на мисијата и визијата на ЗНМ како и на стратешките цели на Здружението предвидени во Статутот и во тригодишниот стратешки план.
Организацијата СРТ со седиште во Лондон, Велика Британија е основана во 1995 година и нуди поддршка и финансиска помош за заштита и промоција на човековите права на глобално ниво.
Целта на СРТ е да ги промовира вредностите и принципите на човековите права и слободи, еднаквоста и владеењето на правото и да ја зачува природата од понатамошнo уништување. Преку своите фондови тие поддржуваат застапување, креативност, истражување и стипендии за остварување на овие цели.
Европска Унија
Регионален проект: „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите”.
Во соработка помеѓу шест независни новинарски здруженија од западен Балкан, ЗНМ заедно со партнерските организации од Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија ќе се залагаат за застапување на стандардите на ЕУ за слободата на медиумите, безбедноста на новинарите и медиумскиот плурализам.
Специфична цел на овој проект е создавање на онлајн платформа „Систем за рано предупредување и превенција“ како механизам за заедничко лобирање за имплементација на стандардите на ЕУ во областа на медиумите и превенција на злоупотреба, преку градење на капацитетите, вмрежување и размена на знаења помеѓу шесте регионални здруженија на новинарите.
Проектот е финансиран од страна на Европската комисија, како дел од програмата за медиуми за поддршка на регионалните тематски мрежи на организации од граѓанското општество.

ИЗМИНАТИ ПРОЕКТИ:
Амбасада на Кралството Холандија во Северна Македонија
Во текот на 2019 година Здружението на новинарите на Македонија ќе го спроведува проектот „Безбедни новинари за кредибилни информации во Македонија“. Овој проект е поддржан од амбасадата на Кралството Холандија во Македонија и има за цел да се подобри нивото на безбедноста на новинарите во Македонија, да се подигне свесноста за важноста на професионалното новинарство како и да се мониторираат институциите кои се релевантни за медиумите и безбедноста на новинарите.
Во рамки на овој проект ќе бидат организирани обуки за новинари и припадници на полицијата, ќе бидат објавени две публикации и протоколи за новинарите, припадниците на полицијата и правосудството. Исто така, на крајот од годината ќе биде објавен и годишен извештај со индикатори за безбедноста на новинарите кои го опфаќаат и правното опкружување за работата на медиумите, како и социјалната состојба на новинарите и медиумските работници.
Делегацијата на ОБСЕ во Скопје
Здружението на новинарите на Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 28 март, 2018 година, потпишаа Меморандум за соработка, според кој предвидено е организирање на обуки и настани, кои имаат за цел да се подобри безбедноста на новинарите и да се подобри квалитетот на известувањето на новинарите. Меморандумот предвидува организирање шест обуки за новинари и припадници на полицијата, кои ќе бидат посветени на покривање на настани од висок ризик. Во рамките на овие активности ќе се објави и прирачник за безбедноста на новинарите, а со заеднички настан ќе се одбележи и 2-ри Ноември, Меѓународниот ден за борба против неказнивоста на насилството против новинари.
Соработката меѓу ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи и во текот на 2019 година. Во рамки на заедничките активности ќе бидат организирани обуки за новинари и претставници на полицијата, како и претставници од судовите и јавното обвинителство, a ќе бидат фокусирани на зголемување на безбедноста на новинарите во Македонија. Покрај тоа ќе бидат објавени два документи за политики. Исто така, ќе се работи во насока на создавање на стратешки план на Здружението кој ќе биде спроведуван од 2019 до 2023 година и ќе биде помогнат од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.